Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Судии во БиХ на терен се појавија со речиси идентична опрема како домаќините

Необична сцена беше забележана на босанските фудбалски терени на натпреварот меѓу Рудар Приједор и Посушје, која ретко се гледа во современиот фудбал.

Имено, судиската тројка се појави на теренот во опрема речиси идентична со онаа на домашниот тим, што предизвика конфузија кај гледачите, но и потенцијално создаде проблеми за фудбалерите на теренот.

Интересно е што судиите вообичаено располагаат и со алтернативна, црна гарнитура, која претходно ја користеа токму на натпревари на Рудар, но овојпат од непознати причини се одлучиле за слични бои со домаќините.

И покрај ваквата необична ситуација, домаќинот на крајот успеа да стигне до победа, триумфирајќи со 3-2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот