Студентиски протест Белград принтскрин ИКС

ВИДЕО | Студентите во Белград протестираат пред полициска станица, бараат ослободување на уапсени колеги

Пред полициската станица во Нов Белград се одржува протест на студентите поради апсењето на нивните колеги за наводниот напад врз студентот Милош Павловиќ кој ги предводи студентите кои се противат на бојкотот на наставата,

Како што јавуваат српските медиуми се уште не е јасно каде се приведените млади момчиња, а насобраните претпоставуваат дека се тука бидејќи оваа станица е најблиску до Студентскио град.

Насобраните студенти најавија дека очекуваат во текот на вечерта да се зголеми бројот на студентите кои ќе протестираат.

Студентот Милош Павловиќ, кој во Србија и е познат како водач на група која се претставува како „Студенти кои сакаат да учат“, придружуван од неколку пријатели, синоќа на кратко отишол во своето вистинско место на живеење, во студентскиот дом „Студењак“ во Нов Белград, а таму го пречекале студентите кои го прскале  со вода и го исмејувале и исвиркувале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zoomer (@zoomer_rs)

По повод инцидентот, Академскиот пленум соопшти дека бара министерот за здравство Златибор Лончар да и покаже на јавноста извештај за наводните повреди на студентот Милош Павловиќ, „кој го придружуваше во инвалидска количка во Ургентниот центар, а утрината тој бил примен и  во кабинетот на претседателот Александар  Вучиќ, каде според пленумот не биле регистрирани  видливи повреди“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот