Фото: Икс / скриншот

ВИДЕО | Страотен пожар проголта фабрика за автоделови во Јужна Кореја, има десетици повредени и исчезнати

Повеќе од 50 работници се повредени, а 14 се исчезнати во огромен пожар кој ноќта по локално време избувна во фабрика за автоделови во јужнокорејскиот град Деџеон, пренесуваат светските медиуми.

Видеата објавени на социјалните мрежи ги покажуваат размерите на катастрофалниот пожар.

Многумина вдишале отровен гас или паднале од зградата обидувајќи се да избегаат, јавува агенцијата „Јонхап“. Повеќе од 200 пожарникари се борат со огнената стихија. Надлежните се загрижени за големото количество запаливи материјали кои биле складирани во една од зградите, а кои можат да експлодираат.

ВИДЕО | Вака Зеленски се шегуваше на сметка на Путин пред две децении

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот