ВИДЕО | Стотици „афтершокови“ го тресеа Истанбул, Ердоган одржа состанок за мерките за земјотресите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рано утринава учествуваше на состанокот на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) во Истанбул, на кој беа разгледани мерките што треба да се преземат во врска со земјотресот со јачина од 6,2 степени во близина на брегот на Силиври, во Мраморното Море.
Препорачано
По средбата, претседателот Ердоган изјави дека на состанокот во АФАД биле оценети мерките што се преземаат за минимизирање на последиците од земјотресот.
„Фала му на Бога, немаме загуби на животи. Како држава сме деноноќно на штрек“, нагласи тој.
Забележано е дека на состанокот не биле поканети претставници на општината Истанбул, чиј градоначалник и политички противник на Ердоган, Екрем Имамоглу, е во затвор.
Потоа, Реџеп Таип Ердоган се сретна со граѓани во кафуле во квартот Кијагитане, во центарот на Истанбул. Тој разговараше со нив и пиеше утрински чај.
Во меѓувреме, продолжија последователните потреси по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер вчера во 12 часот и 49 минути.
Досега се пријавени најмалку 284 последователни потреси. Последниот поголем последователен потрес се случил во 7 часот и 19 минути изутрината со интензитет од 4,1 степени, информираат од АФАД.
Kocaeli’nde #depremin şiddetiyle market rafları böyle sarsıldı. pic.twitter.com/gpPausSOn2
— TRT HABER (@trthaber) April 23, 2025
Опсерваторијата Кандили го даде интензитетот на истиот земјотрес од 4,6 степени. Најголемиот последователен потрес со јачина од 5,9 се случи вчера во 12 часот и 51 минута.
Неколку жители, главно во западните предградија на Истанбул – Авчилар, Есенјурт, Јени Босна, Бахчелиевлер, Бејликдузу – избраа да ја поминат ноќта во шатори и автомобили на отворени простори и паркови. Сепак, мнозинството жители на Истанбул ја поминаа ноќта во своите домови.
🇹🇷 Turkey’s largest city Istanbul has been hit with a powerful magnitude 6.2 earthquake on its outskirts.
Other neighboring countries, including Bulgaria, Greece, and Romania, have also been hit. pic.twitter.com/BkNpfVHvrN
— Remix News & Views (@RMXnews) April 23, 2025
Во Турција сè уште се свежи сеќавањата од двата земјотреси со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала што го срамнија југозападниот дел од земјата и соседна Сирија на почетокот на 2023 година, оставајќи зад себе околу 60.000 мртви во двете земји.
Турските власти информираат дека повеќе од 230 луѓе, од кои повеќето во Истанбул, се повредени кога се обиделе да скокнат од згради за време на земјотресот. Речиси сите се отпуштени, но никој нема повреди опасни по живот.
The moment a person jumped from the balcony earthquake İstanbul#Deprem #istanbul pic.twitter.com/mka3eJfDb4
— Hussein jafo (@HusseinJafo) April 23, 2025
Од безбедносни причини, училиштата во подрачјата погодени од земјотресот ќе бидат затворени во четврток и петок.


