ВИДЕО | Стеф Кари ја потвори генијалноста на Дончиќ, Вориорси подобри од Њу Орлеанс

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кога беше најпотребно Стеф Кари одигра одличен натпревар и го предводеше Голден Стејт до победа против Њу Орлеанс со 120:109 во битката за шестата позиција.

Вориорси одиграа лошо прво полувреме во кое губеа со 46:63, но во второто полувреме заиграа многу подобро и направија комплетен пресврт. Клучен играч беше Стеф Кари кој постигна 39 поени, а додаде уште осум асистенции и осум скока. На спротивната страна Инграм со 26 поени беше најефикасен.

Покрај одличниот настап Кари го имаше и потегот на мечот со одличната асистенција кога од скоро oд затворен агол успеа да го пронајде Клеј Томпсон.

Тоа беше слична асистенција како на Лука Дончиќ само еден ден претходно.


НБА РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Востон 130-111, Атланта – Кливленд 120-118, Торонто – Мајами 106-92, Мемфис – Орландо 113-108, Оклахома – Шарлот 134-137, Голден стејт – Њу Орлеанс 120-109.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот