ВИДЕО | Станоевиќ: Добро е што бизнис секторот сѐ повеќе е вклучен во носењето на законски решенија

Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ е поддржан од УСАИД и е спроведуван заедно со партнерство со четирите најактивни стопански комори. Базна година беше 2016, доста турбулентна година. Резултатите тогаш покажаа дека компаниите сметаат дека бизнис климата е најлоша.

Но оттогаш бизнис климата секоја година се подобрува. Оваа година под влијание на ковид кризата компаниите ја оценија како на истото ниво од претходните години, изјави во Утрински брифинг, Христијан Станоевиќ од ЕПИ центар, консултант за маркетинг и комуникации на проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Компаниите се повеќе ги препознаваат Стопанските комори како глас на бизнис заедницата и партнер кој ги застапува нивните интереси. Во 2018 година се формираше платформата за јавно-приватен дијалог која е составена од четирите стопански комори и е потпишана заедно со Владата. Во периодот кога се формираа пакетите за поддршка на стопанството, за поддршка на компанииите, коморите заедно со компаниите успеаја дел од тие барања да ги вметнат во пакетите.

Инаку, да, компаниите се повеќе се вклучени во носењето на правната регулатива, дали се работи за даноци, работни односи, јавни набавки, вели Станоевиќ и додава дека е добро што се повеќе барања се канализираат преку ваков вид на активности.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот