ВИДЕО | Стабилна состојбата на 25-годишната Санела која е хоспитализирана во „Папаниколау“ во Солун
Грчките новинари пред болницата „Папаниколау“ во Солун разговараа со гевгеличанецот Мартин Бојмалиев кој е во придружба на неговата пријателка, 25- годишната Санела која е тешко повредена во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и тој со оптимистчки тон зборуваше за нејзината состојба.
Препорачано
Во болницата „Папаниколау“ во Солун во неделата се примени тројца пациенти со изгореници две девојки и момче и се сместени на Одделот за изгореници.
„Нејзината состојба е стабилизирана и се чувствува добро. Се надеваме на најдоброто“, рече Мартин, додавајќи дека „лекарите даваат се од себе и верувам дека е во многу добри раце“. Тука има уште 20 наши пријатели и сите споделуваме приказни од она што се случи таа вечер во дискотеката.
„Родителите и семејството на Санела се надеваат на најдоброто и ќе ја менаџираат ситуацијата најдобро што можат. Таа прво беше однесена во болница во Скопје, а потоа донесена овде, грчката влада ја понуди својата помош, не знам точно како се случи. Постојано сум во контакт со лекарите, но засега ништо не е сигурно. Ќе ѝ треба операција и ни рекоа дека за лузните од изгорениците најверојатно ќе треба и пластична операција“, додаде Мартин.
Тројцата повредени се будно следени од пластични хирурзи и доктори за интензивна нега.
Истовремено, во воената болница се лекуваат уште двајца млади кои се здобиле со изгореници и за кои голем проблем е и вдишувањето чад од пожарот во дискотеката во неделата во раните утрински часови.
По трагичната несреќа во Македонија и телефонскиот разговор меѓу грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во неделата наутро, со координирани акции на министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и грчката Итна медицинска помош, Грција ги презеде сите пациенти со изгореници како што беше побарано од Европскиот механизам за цивилна заштита.
Вкупно 18 повредени лица ќе бидат згрижени во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун. „Три тешко повредени лица на возраст од 25, 25 и 19 години веќе се лекуваат во болницата Папаниколау со големи изгореници, од кои на едното веќе му е извршена операција“, соопшти утрово грчкото министерство за здравство.
Според Европската комисија, македонските власти побарале помош за евакуација на 15 пациенти кои претрпеле сериозни изгореници откако ЕУ го активирала својот механизам за одговор при итни случаи за да обезбеди поддршка на властите за цивилна заштита во земјата.
Девет европски земји – Романија, Хрватска, Грција, Словенија, Шведска, Литванија, Унгарија, Луксембург и Норвешка, кои иако не се членка на ЕУ е дел од овој механизам, веднаш ја понудија својата помош, а неколку пациенти веќе се евакуирани.
Поточно, Луксембург помогна да се префрлат пациентите во Унгарија, додека Романија ги транспортира пациентите во Литванија.
ЕУ сега го координира транспортот на повеќе пациенти во земјите кои понудиле третман и останува во контакт со македонските власти за да мобилизира дополнителна помош доколку е потребно, соопшти Европската комисија.


