ВИДЕО: Српски политичар приведен, искрши гласачка кутија на рефередумското гласање

Срѓан Ного скрши гласачка кутија/Фото: Скриншот/Твитер

Поранешниот член на српското десничарско движење Двери Срѓан Ного, гласаше денеска на референдумот во Србија и ја искрши гласачката кутија.

Српската полиција потврди дека тој е приведен и одредено му е задржување од 48 часа. На социјалните мрежи се споделува снимка на која се гледа како Ного на своето избирачко место го уфрла гласачкото ливче, а потоа ја зема гласачката кутија и ја фрла на подот.

Се работи за автентична снимка и тоа го потврди Првото основно обвинителство. Тој е во притвор и одредено се сомничи за кривично дело по членот 159, односно „спречување на одржување на гласањето“.

Во Србија денеска се одржува референдум за уставни промени во сферата на правосудството. Според информациите од медиумите, до 13 часот гласале 12 отсто од граѓаните на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот