ВИДЕО: Средношколец изрешетан во САД, вперил воздушна пушка во полицајци

Убиениот Александер Кинг стоел на улица и нишанел кон минувачи

Отворена е истрага во внатрешната контрола во полицијата на градот Тарпон Спрингс, во американската сојузна држава Флорида, откако викендов 17-годишно момче било убиено. Според полицијата, момчето вперило воздушна пушка во полицајци и во минувачи, јавуваат медиумите.

Полицијата соопшти дека во саботата навечер примила повеќе повици за машко лице кое се движело по авенија во градот и со пушка која наликувала на автоматска нишанело во автомобилите кои поминувале. Кога пристигнале полицајците, момчето по име Александер Кинг било на крстосница и го вперило оружјето во нив. На снимка направена непосредно пред пукањето, се гледа како Кинг им вика на полицајците „Застрелајте ме!“.

„Службениците кои се јавиле на повикот се сокриле позади возила, а потоа пукале во Кинг“, изјави шефот на полицијата во Тарпон Спрингс, Џефри Лонг.
Кинг, кој е ученик во средно училиште во градот, бил погоден со 12 куршуми – седум од патролна пушка и пет од пиштол.

Според медиумите, пушката, која е воздушна, но наликува на боево оружје, Кинг ја набавил годинава, кога објавил и фотографии на социјалните мрежи.

Убиеното момче вкупно 22 пати било во пријавено во полиција или било приведувано, а Кинг бил двапати апсен во случаи поврзани со оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот