ВИДЕО: Срамен пораз на Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите

Роналдо стрелаше за водство, но Јанг Бојс направи целосен пресврт во Швајцарија/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DELLA VALLE

Со првите два натпревари официјално започна новата натпреварувачка сезона во Лигата на шампионите, во рамките од групата „Ф“ се случи и првото изненадување, Манчестер јунајтед загуби на гостувањето кај Јанг Бојс со резултат 2:1.

Првиот гол во новата сезона на ЛШ го реализираше повратникот во редовите на „црвените ѓаволи“, Кристијано Роналдо после прекрасната асистенција на Бруно Фернандеш во 13 минута.

Ова како да изгледаше најава за нов блесок на Португалецот кој се израмни со легедарниот голман Икер Касиљас по бројот на настапи во историјата на елитното европско клупско натпреварување, и двајцата имаат по 177 настапи.

Следуваа проблеми за клубот од „Олд Трафорд“ бидејќи во 35 минута црвен картон доби Ван-Бисака.

Швајцарците иако беа аутсајдер во овој дуел, изненадувачки успеаја да направи целосен пресврт во вториот дел и искористувајќи го периодот со играч повеќе на теренот.

Најпрвин израмни Муми Нгамалеу во 66 минута, а во самиот финиш следуваше целосен шок за премиерлигашкиот гигант, во 95 минута стрелаше Сибачо за голема радост на Јанг Бојс.

Во првиот натпревар од групата „Г“ ремизираа Севиља и Салцбург (1:1), и двата погодоци беа реализирани во текот на првото полувреме кога имаше дури четири пенали.

На стартот од вториот дел Шпанците останаа без еден фудбалер на теренот поради два жолти картони на Ен Несири, но овој момент во своја полза не го искористија Австријците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот