ВИДЕО: Спречена трагедија во Босфор, танкер го смени правецот и тргна кон брегот

Денес поморскиот сообраќај во Босфор е блокиран во двата правци, бидејќи танкерот скршна од рутата и се упати кон брегот. Според турските медиуми во Истанбул, поморскиот сообраќај е стопиран.

Танкерот што превезувал нафта, од засега непознати причини, скршнал од курсот и се упатил кон крајбрежјето. Застанал на околу 300 метри од брегот во близина на истанбулскиот кварт Леникој, објави турската телевизија НТВ.

Како што беше објавено, танкерот што ја пренесувал нафтата имал дефект во контролниот систем и пловниот објект морал веднаш да се запре.

На помош беа повикани осум влечни бродови кои се обидуваат да го извлечат бродот на сигурно и повторно да го овозможат сообраќајот на Босфор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот