ВИДЕО: Спектакуларно шоу во Далас, Боби и Дончиќ заиграа српско „коло“!

Во тек е Летната лига како подготовка за новата сезона/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Тесната победа во НБА лигата на Далас Маверикс против Бостон Селтикс „падна“ во втор план..

Кошаркарите на Далас доцна синоќа го совладаа Бостон со 110:107, а како предигра на дуелот мало шоу направија Словенецот Лука Дончиќ и српскиот центар Бобан Марјановиќ.

Боби и Лука го започнаа колото, а потоа со нив им се придружија и нивните соиграчи, па на паркетот беше навистина интересно.

Токму овој тандем беше заслужен за новиот триумф на Маверикси, Дончиќ запиша 31 поен, а Марјановиќ додаде 10 поени и осум скока.

На Селтикси не им помогна ниту репрезентативниот тандем Џејлен Браун/Џејсон Тејтум кои заедно постигнаа 57 коша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот