ВИДЕО | Спектакуларен настап на Димитријевиќ: Постигна 38 поени против ЦСКА Москва

Фото: BC UNICS (Kazan)

Maкедонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ вечерва го одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата и го наполни кошот на најтрофејниот руски тим ЦСКА Москва.

Димитријевиќ беше човек на одлука во дербито на колото во руското првенство и со 38 поени беше најзаслужен за победата на својот тим од 84:78. Дури 21 поен Димитријевиќ постигна во последната четвртина кога Уникс направи пресврт и дојде до победата.

Македонскиот кошаркар имаше само едно промашување од игра и оствари индејкс 48

За Уникс ова беше седми триумф по ред со кој излезе осамен на првата позиција, додека ЦСКА го претрпе четвртиот пораз и потврди дека се наоѓа во лоша форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот