ВИДЕО | Спасовски: Мицкоски не може да понуди ништо ново

„ВМРО-ДПМНЕ ја лажат јавноста дека се смениле дека ќе нуделе концепт за сите луѓе. Не е тоа концепт за сите луѓе, тоа е концепт за сите криминалци, затоа што нема криминалец што ВМРО-ДПМНЕ не го бранат и не го поддржуваат. Тоа знаат тие, да работат против правдата, да бидат на браникот на криминалот, на браникот на криминалците во нивните редови. И затоа Мицкоски не може да понуди ништо ново, тој не може да донесе реформа ниту во својата партија, а не пак да носи промени во општините или државата“ рече потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

„Ние во СДСМ знаеме одговорно со парите на граѓаните, да ги вложуваме во проекти кои се важни, проекти што го подобруваат животот и носат развој и напредок. Парите не ги фрламе во споменици, во палми и жални врби како што правеше ВМРО-ДПМНЕ за да му ги исполнуваат желбите на Груевски“ рече Спасовски.

Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ не се навикнати парите да завршуваат кај граѓаните и затоа се противат на секоја мерка што значи денар повеќе во семејните буџети.

„Граѓаните знаат дека развојот, напредокот на општините и државата се можни само со СДСМ и знаат дека СДСМ го има најдоброто за нивната општина“ рече Спасовски.

Потпретседателот на СДСМ додаде дека за СДСМ зборот е збор и дека стојат зад ветувањата дадени пред граѓаните и дека реализирале речиси се од она што го дале како ветување.

„Да немате дилема дека тоа ќе продолжи да биде така и во иднина, за нас зборот продолжува да важи. На овие избори, без разлика кој ќе биде кандидат или кандидатка за градоначалничката функција, ние од СДСМ застануваме зад програмата и ние, СДСМ ви даваме збор дека таа програма ќе биде реализирана“ рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот