ВИДЕО: Сопственикот одлучи да го тестира кучето, па дозна дека го има најлошиот чувар во светот

Фото: Unsplash

Преплашеното куче насмеа милиони луѓе со својата реакција и ја заслужи титулата – најлошото куче чувар досега.

Во видеото што го објави на ТикТок, Кристијан Ланиер одлучи да провери дали кучето го штити неговиот дом од несакани посетители.

Тој го облекол заштитното одело и маската и со силно викање упаднал во куќата. Пред вратата лежат две кучиња. Едното остананува да лежи без да мрдне, додека другото започнува да бега колку што можат нозете да го носат.

На крајот „херојот“ избега од куќата низ отворениот прозорец и јасно му стави до знаење на сопственикот дека е време можеби уште еднаш да процени колку тој е погоден за чувар.

@maratron #MoveWithTommy #takeaNAIRbreak #animals #comedy #goofy ♬ original sound – Christian Lanier

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот