ВИДЕО: Автопревозник и неговиот син почнаа штрајк со глад во Србија: „Секако сум мртов, па подобро да се самоубијам одошто да ме убиваат“
Автопревозникот Миломир Јаќимовиќ вели дека поради поддршката на студентите трпи притисоци, закани и апсење на синот, дека ја изгубил довербата во институциите, но и покрај сè останува решен да штрајкува со глад и да ја поддржува младината.
Автопревозник започнал штрајк со глад во Србија, а во тоа ќе му се придружил и неговиот син, објави „Данас“.
Препорачано
Како што претходно најави, Миломир Јаќимовиќ се решил на овој чекор бидејќи полицијата му ги одзела автобусите, а причината за тоа, според него, е неговата поддршка на граѓаните и студентите кои протестираат.
Овој превозник има две барања, кои, како што вели, се едноставни – да му ги вратат автобусите и да се поништат казните што, според него, му биле неправедно напишани, односно „вон законот“.
Вучиќ ѝ одговори на Дијана Хрка, не пропушти да се пожали колку нему му е тешко
Тој тврди и дека добил информации дека ќе се обидат, како што рече, „да му го одземат старателството“ над неговиот син.
„Да, решив да штрајкувам со глад и тоа е тоа. Јас си стојам зад зборот, не сум како Александар Вучиќ да ги менувам мислењата. Имам уште четворица возачи – четири семејства останаа без леб во куќата, без егзистенција. Мртов човек сум и вака и така, па кога веќе сум мртов, нека се убијам сам, а не тие да ме убиваат, бидејќи тоа го прават на тежок начин. Моите автобуси не се добредојдени во Белград! Ги плаќам сите даноци, сите трошоци и сите патарини, а не можам да влезам во својот главен град. Од нив ништо не очекувам. Ја изгубив довербата во полицијата. Пред некој ден, во Белград, Репац (новиот командант на српската Жандармерија) го погази својот збор, а полицијата го погази својот. Во нив гледам криминалци – државата е киднапирана и нема кому да се пожалиш. Додека државата не се врати, нема ни закон“, изјави Јаќимовиќ.
Тој му порача на режимот дека „не ги зеле неговите автобуси, туку автобусите на народот на Србија“ – како што истакна, „тоа се возила што луѓето ги одвојувале од себе, од устата на своите деца“.
Тој вели дека сè уште не добил повик од никого, ниту, пак, „тоа го очекува од надлежните“.
„Ми го уапсија детето и ми се закануваа бидејќи ги поддржав студентите“
Казните, како што нагласува, се милионски – во Белград полицајците му пишувале по шест–седум казни одеднаш и веќе не може ни да ги следи.
„Кога ги поддржав студентите, очекував притисоци, но не вакви. Да ми го уапсат детето од 16 години, да ми се закануваат, да влегуваат насилници во училиштето барајќи го моето дете. Ми велат, пријави во полиција. Во која полиција? Па пријавував и ништо не се случи. Во институциите повеќе не верувам. Тука сум и не мрдам одовде. Ги поддржав студентите со срце. Многумина се неутрални и не им замерувам. Ако ним им е добро, мене не ми е. И пак би го направил истото – би ја поддржал таа младина. Се обидов да го одвратам синот Милан од штрајк со глад, се обидуваше и роднината, но треба да разберете дека тоа дете го одгледав од два месеца, и тој нема никого освен мене“, продолжи Јаќимовиќ.
Штрајкот со глад го започна на 10 ноември во 10 часот кај Бановина, историски центар во Нови Сад, а на тоа место сега се собираат и граѓани.
За потсетување, Јаќимовиќ беше приведен во петокот, на 7 ноември, во Жабаљ, поради нарушување на јавниот ред и мир, откако со автобус од својот возен парк го блокираше приодот до зградата на Општината и правеше бучава во знак на протест бидејќи полицијата одбива да му ги врати запленетите автобуси.
На 5 ноември му биле одземени две возила – автобус и минибус. Првото возило полицијата му го одзела поради наводен технички дефект, неисправно лево светло и горен бришач, додека, пак, истиот ден му бил одземен и минибусот со кој превезувал патници на протестот во Белград.
ВИДЕО | Дијана Хрка продолжува да штрајкува со глад: „Вучиќ, нема да ти простам“
Јаќимовиќ ѝ стана познат на пошироката јавност по уривањето на настрешницата и бунтот на студентите и граѓаните. Неговите изјави останаа доследни во текот на оваа една година борба:
„Студентите ги возам од убедување“, велеше тој, нагласувајќи дека не бара никаков финансиски надомест.
Од друга страна, пак, тој трпи и понатаму бројни притисоци и напади.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
23мин
-
55мин
-
57мин
-
60мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


