ВИДЕО | Соборен светски рекорд во чест на Тина Тарнер: Шест илјади луѓе танцуваа на песната „Nutbush City Limits“

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Речиси шест илјади Австралијци, со голем ентузијазам танцуваа на познатиот хит „Nutbush City Limits“, на неодамна починатата Тина Тарнер. Со овој настан, тие го освоија новиот светски рекорд во танцувањето на оваа песна, пишува „Дејли мејл“.

Рекордерскиот подвиг, изведен од точно 5.838 љубители на фестивалот „Биг Ред Беш“(„Big Red Bash“), во близина на Бирдсвил, Квинсленд, собра речиси 90.000 долари за добротворната организација „Ројал Флајинг Докторс“ („Royal Flying Doctors“).

Неверојатната снимка која беше споделена во јавноста, ги прикажува збунетите и еуфорични посетители на фестивалот, како танцуваат по ритамот на песната на Тарнер, под Големата црвена песочна дина, на работ на пустината Симпсон.

Популарниот танц е дел од австралиската култура и често се изведува на родендени, свадби и во пабовите низ целата земја. Смртта на легендарната пејачка, на 83-годишна возраст, бил уште поголем мотив за соборувањето на рекордот, а многу од учесниците ѝ оддале почит на свој начин.

Инаку, биле потребни неколку часа, за официјалните лица од Книгата на рекорди на Австралија да го официјализираат ова достигнување.

Во продолжение погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот