ВИДЕО: Со автокошот на Трифуновиќ Мега го совлада Партизан во АБА лигата

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на Мега направија изненадување во четвртото коло од АБА лигата, откако на домашен терен го совладаа Партизан со 88:86.

Мега го имаше последниот напад, по неуспешниот обид на Топиќ, играчот на Партизан Трифуновиќ не реагираше најдобро и си постигна авто кош за голема радост на домаќините.

Инаку, екипата на Мега доминираше во поголемиот дел од натпреварот и имаше дури 20 поени предност (52:32).

Партизан потоа се враќаше резултатски, успеа и да израмни, но Мега успеа на крајот среќно да дојде до триумфот.

Играчите на Марко Бараќ сега имаат половичен учинок од 2-2. Од друга страна, Партизан го забележа првиот пораз во регионалното натпреварување.

Мега ја предводеа Ѓуришиќ со 17, Плавшиќ со 15 и Топиќ со 14 поени. Кај белградските „црно-бели“ се истакнаа Аврамовиќ со 26 и Камински со 24 поени. Во следното коло Партизан ќе игра против Црвена звезда, додека Мега за ривал го има Будуќност.

Претходно се одигра уште еден меч, Црвена звезда славеше на гостувањето кај ФМП Београд со 72:83.

На табелата по четири одиграни кола во АБА лигата, Црвена звезда и Будуќност имаат по осум бодови, по седум Партизан, Студентски центар и Игокеа, по шест Цедевита Олимпија, Борац, Мега Баскет и Задар, по пет КК Крка Ново место ФМП Београд и Сплит, а по четири Цибона и Морнар Бар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот