ВИДЕО | Славниот актер пред камерите дозна дека е болен и испрати силна порака!
Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс открил дека му се појавил полип на дебелото црево, а својата прва колоноскопија одлучил да ја сними за да ја дестигматизира таа медицинската процедура, пишува „Пејџ сикс“.
Препорачано
Актерот од „Дедпул“ и Роб Макелхени, ѕвездата на „Секогаш е сончево во Филаделфија“, воедно и копретседател на фудбалскиот клуб Рексам, одлучиле да се здружат со „Lead From Behind“ организацијата за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, за да ги поттикнат луѓето, особено мажите, да се подложат на оваа процедура доколку е неопходно.
Во видеото на Јутјуб објавено на каналот на Рејнолдс, двајцата објасниле дека сакаат да докажат дека оваа едноставна процедура може да спаси животи.
– Во спротивно, никогаш не би дозволил некоја медицинска процедура да се снима и јавно да се сподели – рекол Рејнолдс.
Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени донираа 20 илјади фунти за лекување на тешко болно девојче
Дела, а не зборови: Славниот актерски пар со милионска донација за Украина


