Фото: ПФК Левски

ВИДЕО | Славје во Софија: Левски со Серафимов по 17 години ја освои титулата во Бугарија

Левски Софија со минимална победа од 1-0 над ЦСКА Софија ја запечати шампионската титула и создаде недостижна предност на врвот на табелата. Дел од овој успех е и македонскиот репрезентативец Никола Серафимов.

Со овој триумф, Левски стави крај на долгогодишната доминација на Лудогорец и по цели 17 години повторно се искачи на тронот во бугарскиот фудбал.

Серафимов не беше во составот за денешниот натпревар, но имаше значаен придонес во текот на сезоната, особено во нејзиниот завршен дел, каде доби поголема минутажа и помогна во освојувањето на титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот