ВИДЕО | Слатка средба која ќе ви го стопи срцето: Златен ретривер се запознава со четири мали мачиња

златен ретривер
Фото: Принтскрин/Јутјуб

Златниот ретривер по име Бејли се запознал со четирите нови мачиња кои неговите сопственици ги донеле во куќата, а неговата преслатка реакција воодушеви многумина.

На видеото објавено на „Јутјуб“, Бејли може да се види како претпазливо се приближува до мачињата и ги душка, пред да легне до нив и да ја стави муцката меѓу нив.

Мачињата брзо се навикнале на присуството на Бејли, а тој будно ги набљудувал.

Видеото за краток период собра повеќе од половина милион прегледи.

„Изразот на Бејли на крајот е бесценет. Колку е сладок“, „Колку се симпатични заедно“, „Како знае дека треба да биде толку нежен со нив? Бејли е едно од моите најомилени кучиња досега“, „Бејли знае како да се справи со мачиња“, се дел од коментарите под видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот