ВИДЕО | „Скапо мириса, како мајка ми“: Ќерката на Јелена Карлеуша го пофали новиот парфем на мајка си

Фото: Принтскрин / Инстаграм / ТикТок

Српската пејачка Јелена Карлеуша ја претстави својата козметичка линија, за која рече дека е нешто на кое многу работела и е многу горда. За почеток, таа лансираше унисекс парфем „Ја“ и мирисен спреј за коса и тело.

Сега, нејзината ќерка, Ника Тошиќ, со своите следбеници на социјалната мрежа ТикТок ги сподели своите впечатоци од парфемот и мирисниот спреј создадени од нејзината мајка. Ника не го криеше ентузијазмот за производите на Јелена, а откри и дека ги користи со месеци, иако морала тајно.

„Погодете што е ова? Ова е тестер на овој мирисен спреј. И да ви кажам… ова го имам од лани и тоа значи дека сум лојална и нема да ве изневерам. Можете да ми кажете што било“, започна Ника, а потоа додала:

„Ја гледате разликата? Тоа е прекрасен мирисен спреј и парфем. Пред да излезе парфемот и спрејот, го носев овој тестер на училиште и луѓето ме прашуваа на што мирисаш толку добро? Не ми беше дозволено да кажам. Дечки, ова трае толку долго, убаво мириса, а да имаше мирис на мајка ми, ќе беше токму ваков. Ова буквално мириса на мајка ми. Дури и пред да го пушти парфемот, таа секогаш некако мирисаше вака. Значи тоа е прекрасен мирис“, рекла таа воодушевено.

Наследничката на Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ истакна дека конечно може да мириса на својата мајка – скапо.

„Ми се допаѓа што овој парфем е достапен, инаку парфемите се многу скапи и мора да мирисаат фенси. Овој е достапен, а сепак мириса фенси. Знаете, мајка ми мириса скапо, па… Ова е нејзиниот мирис. И дали сакам да мирисам на мајка ми? Секако“, рекла Ника, а потоа се испрскала со спрејот по целото тело.

Да потсетиме, Јелена Карлеуша организираше гламурозна промоција на нови проекти во Белград на вода, кога се појави во гламурозна тоалета.

@frnotnikaJA parfem , prelep parfem 💕♬ original sound – Nika

ФОТО | Руши рекорди: Јелена Карлеуша го распродаде парфемот за само неколку часа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот