ВИДЕО | Скандал на Греми: Славниот рапер освои три награди, па го изнесоа со лисици од салата

Фото: Frederic J. Brown / AFP / Profimedia

Познатиот рапер Килер Мајк (Killer Mike), чие вистинско име е Мајкл Рендер, беше одведен со лисици на рацете од Крипто Арената во текот на доделувањето на музичките награди Греми, откако освои три награди на синоќешната церемонија.

На видеото кое со часови кружи на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, објавено од холивудскиот репортер Крис Гарднер, се гледа како Мајк (48) со лисици на рацете е изнесен од салата каде што се доделуваа наградите, по него одат двајца полицајци и уште неколку луѓе во костуми.

 


Портпаролот на полицијата, полицаецот Мајк Лопез, изјави дека раперот бил уапсен по расправија во салата. Порталот ТМЗ објави дека Килер Мајк нокаутирал чувар кој работел на обезбедувањето на Греми.

Интернет беше преплавен со снимки на кои полицијата го изнесува раперот од салата. Музичарот беше пуштен на слобода во 20:37 часот по локално време и треба да се појави пред судот на 29 февруари во Лос Анџелес.

ФОТО+ВИДЕО | Тејлор Свифт испиша историја: Ја освои четвртата Греми статуетка за албум на годината и со една најава ги фрли обожавателите во транс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот