ВИДЕО | Скандал во финалето на НБА — водителка ја нападна Тејлор Свифт во живо и ѝ рече: „Губи се одовде!“
Тејлор Свифт присуствуваше на четвртиот натпревар од НБА-финалето меѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс во „Медисон сквер гарден“, но покрај возбудувањата на теренот, внимание привлече и коментарот на една спортска водителка упатен кон поп-ѕвездата.
Препорачано
Свифт беше меѓу бројните славни личности кои од првите редови го следеа драматичниот натпревар, заедно со Кајли Џенер, Тимоти Шаламе и Бен Стилер. Натпреварот ќе остане запаметен по историскиот пресврт на Никс, кои по негатива од 29 поени успеаја да слават со 107:106 и да се доближат на чекор до шампионската титула по пауза од 53 години.
Taylor Swift is hyped after the Knicks’ 29-point comeback 🔥 pic.twitter.com/Q5Dv2pRYaH
— espnW (@espnW) June 11, 2026
Пејачката натпреварот го следеше покрај теренот во друштво на своите блиски пријателки Алана Хаим и Есте Хаим. Кога за првпат се појави на големиот екран во салата, публиката ја поздрави со аплауз и овации. Особено внимание привлече нејзината сина маица со натпис „Stevie Knicks“, инспирирана од легендарната музичарка Стиви Никс.
Сепак, не сите беа воодушевени од нејзиното присуство. За време на преносот, водителката Моника Мекнат од ЕСПН разговараше со својот колега Тајлер Мареј, обидувајќи се да потврди дали навистина ја гледаат Свифт во публиката.
Откако ја препозна, Мекнат изјави: „Таа не е навивачка на Никс. Губи се одовде, девојко.“
“Is that Taylor Swift down there?”
“She’s not a Knicks fan, get out of here girl”
The Knicks radio team didn’t know they were on air pic.twitter.com/9O5PPD7H4s
— Barstool Sports (@barstoolsports) June 11, 2026
Набрзо се покажа дека водителите не биле свесни дека нивниот разговор во тој момент се емитува во живо. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина реакции.
Обожавателите на Тејлор Свифт застанаа во нејзина одбрана, посочувајќи дека таа со години е симпатизер на Никс. Дел од нив потсетија дека уште како 12-годишно девојче ја испеала химната на еден натпревар на тимот, додека други ја критикуваа водителката за непрофесионалниот коментар.
„Тажно е кога жени без причина напаѓаат други жени“, „Се надевам дека ќе се извини кога ќе дознае дека Тејлор навива за Никс уште од тинејџерските денови“, беа само дел од реакциите што се појавија на социјалната мрежа Икс.
ФОТО | Најбогатата пејачка во историјата е скромна — Тејлор Свифт носи ѓердан од само 80 долари


