Од Газа истрелани ракети кон Израел/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

ВИДЕО | Сирени во Израел: Ракети се истрелани од Газа, потврди Хамас

Предупредувачките сирени денеска се огласија во централниот дел на Израел откако беа истрелани ракети од Појасот Газа, соопшти израелската армија.

Според истиот извор, три проектили влегле во Израел од јужниот дел на Газа.

„Израелските воздухопловни сили успешно пресретнаа еден проектил, додека други две паднаа во област каде што нема згради“, се вели во соопштението.

Вооруженото крило на Хамас ја презеде одговорноста за лансирањето на ракетите , објаснувајќи дека целта била Тел Авив како одговор на „ционистичките масакри на цивили“ во Газа.

Во меѓувреме, израелските вооружени сили посочија дека започнале копнени операции во северниот дел на Газа, покрај крајбрежниот пат во областа Беит Лахиа.

Израелската армија ги продолжи воздушните напади врз цели во Појасот Газа во текот на ноќта и започна со копнени операции во палестинската енклава во средата, со што стави крај на прекинот на огнот со Хамас што беше во сила од 19 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот