Фото: EPA/FABIO FRUSTACI

ВИДЕО | Синер против Руд за титулата на мастерсот во Рим

Светскиот тенисер број еден Јаник Синер се пласираше во финалето на мастерсот во Рим, Италија, откако го победи Данил Медведев. Во мечот за титулата, в недела Италијанецот ќе се соочи со Норвежанецот Каспер Руд, кој убедливо го совлада домашниот играч Лучијано Дардери со двапати со 6:1.

Синер ја забележа својата 10 победа против Медведев во меѓусебните дуели и го одбрани минатогодишниот резултат на турнирот во италијанскиот главен град. Потсетување, мечот меѓу Синер и Медведев беше прекинат во петокот поради дожд.

Со оваа победа, Синер ја продолжи една од најдоминантните сезони во поновата тениска историја.

Ова беше негова 28 победа по ред, продолжувајќи да го подобрува сопствениот рекорд за најдолга победничка серија на мастерс турнирите, која сега изнесува 32 триумфи.

Во целата 2026 година, италијанскиот ас има скор од 35 победи и само два порази, а вкупно има изгубено осум сета. Тој беше поразен само од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен и од Јакуб Меншик во четвртфиналето во Доха.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот