Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

ВИДЕО: Синер и Монфис закажаа осминафинале на Австралија Опен

Италијанецот Јаник Синер без поголеми проблеми обезбеди пласман во осминафиналето на Австралија Опен славејќи победа против Американецот, Маркос Џирон.

Синер го контролираше натпреварот и не дозволи никакво изненадување, а до победата стигна со 3:0 во сетови (6-3, 6-4, 6-2).

Противник на Синер во осминафиналето ќе му биде ветеранот Гаел Монфис кој денеска одигра одличен меч и го изненади Тејлор Фриц. Французинот кој има 38 години беше подобар од Фриц со 3-1 (3-6, 7-5, 7-6, 6-4).

На останатите мечеви елиминација доживеа Качанов кој беше поразен од Микелсен, Сонего од Иалија славеше над Марозан, Тиен беше подобар од Мутет, Шелтон го елиминираше Мусети, додека Австралиецот Де Минаур ја оправда фаворитската улога против Серундоло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот