Фото: Screenshot

ВИДЕО: Шведската полиција брзо реагирала, навивачи на Звезда депортирани по хаосот во Малме

Фудбалерите на Црвена звезда вечерва гостуваат кај Малме во рамки на седмото коло од Лигата на Европа, но пред натпреварот вниманието го привлече инцидент на улиците на шведскиот град.

Навивачите на „црвено-белите“, синоќа учествувале во физички судир на улиците на Малме. Според изјавата на шефот на полицијата во Малме, Томас Розенберг, седум навивачи на Црвена звезда се приведени по инцидентот и ќе бидат депортирани назад во Србија.

Дополнително, тројца навивачи биле вратени во Србија уште при влезот во Шведска, откако кај нив биле пронајдени забранети предмети. Тамошните медиуми јавуваат дека навивачите на двете екипи организирале директен физички судир.

ВИДЕО | Инцидент во Малме: „Делии“ претепаа едно лице, градот е полн и со хрватски навивачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот