Screenshot/X

ВИДЕО | Инцидент во Малме: „Делии“ претепаа едно лице, градот е полн и со хрватски навивачи

Голема група навивачи на Црвена звезда уште вчера допатуваа во Малме, каде што белградскиот клуб денеска го игра натпреварот од Лига Европа, а престојот беше обележан и со инцидент кој брзо се прошири на социјалните мрежи.

Во јавноста се појави видео-снимка на која се гледа како приврзаници на „црвено-белите“ физички напаѓаат лице кое лежи на земја. По кратко време на местото на настанот пристигнала полицијата, по што учесниците во инцидентот се дале во бегство.

Засега нема официјални информации со кого точно дошло до судирот, ниту какви се последиците од инцидентот. Дополнителен проблем за шведските безбедносни служби претставува и фактот што во Малме во исто време престојуваат и бројни навивачи на хрватската ракометна репрезентација, која вчера во истиот град го одигра натпреварот против Шведска во рамки на Европското првенство.

Совпаѓањето на фудбалскиот дуел меѓу Малме и Црвена звезда со средбите од втората фаза на ракометното ЕП, на кои настапува Хрватска, сериозно ги зголеми безбедносните ризици и претставува голем предизвик за организаторите и локалните власти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот