ВИДЕО: Швајцарија и Велс ги поделија бодовите на Олимпискиот стадион во Баку!
Се комплетираше првото коло во групата „А“ на Европското првенство, после вчерашната победа на Италија против Турција (3:0), денеска на стадионот во Баку ремизираа репрезентациите на Велс и Швајцарија со резултат 1:1.
Швајцарците беа подобри на теренот и имаа повеќе шанси, но на крајот само освои бод. За среќа на велшката селекција нејзиниот голман Дени Ворд кој одбрани неколку одлични шанси и на крајот беше еден од најзаслужните што неговата селекција на крајот дојде до реми.
Првото полувреме им припадна на Швајцарците, но Харис Сеферовиќ немаше доволно концентрација и среќа. Од три шутеви и шанси, двапати се обиде од дистанца, еднаш во последните минути дови топка од Емболо на седум-осум метри откосо, ударот заврши над пречката.
⏰ RESULT ⏰
🏴🆚🇨🇭 Switzerland & Wales open Group A with a draw after an entertaining contest in Baku…
🤔 Which side impressed you most? #EURO2020
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 12, 2021
Велс имаше една права шанса кога Кифер Мур со глава шутираше прецизно во 15 минута, а Јан Зомер мораше со крајни напори да ја отстрани опасноста.
Головите беа реализирани во второто полувреме, на стартот од вториот дел стрелаше Емболо после асистенцијата на Шаќири, а израмни Мур по додавањето на Морел во 74 минута.
ЕВРО 2020, Група „А“
1. коло, резултати –
Петок:
Турција – Италија 0:3
Велс – Швајцарија 1:1
Табела: Италија 3 бодови, Швајцарија 1, Велс 1, Турција 0.
2. коло, двојки –
16 јуни Турција – Велс (18.00 часот)
16 јуни Италија – Швајцарија (21.00 часот)
ФОТО+ВИДЕО: Спектакуларно отворање на Евро 2020: Одлична музичка програма и огномет!