ВИДЕО | Шпетим Дуро: Струга ќе го даде максимумот на реваншот против Бреидаблик

фото: fcstruga.com

Струга Трим Лум в четврток од 18.45 часот во Исланд ќе го игра реваншот од плеј-офот во Конференциската лига против Бреидаблик. Актуелниот македонски шампион можеше да извлече поволен резултат на првиот меч во Охрид со оглед на поголемата иницијатива, шансите, но среќата не беше на страната на тимот предводен од тренерот Шпетим Дуро.

Исланѓаните пред своите навивачи ќе стартуваат со минимална предност од 1:0, а Струга верува во анулирање на негатата, дека може да обезбеди пласман во групите на Конференциската лига. На прес конференција очекувањата пред возвратниот дуел ги сподели Дуро:

– Резултатот од првиот натпревар е во корист на противникот, бидејќи го загубивме тој натпревар во Охрид, но велам дека тоа е минимален резултат и уверен сум дека тимот ќе даде максимум на овој натпревар за да игра. Се осврнуваме и на првиот меч кој секако го одигравме подобро од противникот, тоа беше пораз кој барем не го заслуживме, но секако мислиме дека ќе дадеме максимум на овој натпревар. Им кажав на фудбалерите дека тоа е натпревар од 90 минути кој мора да се игра со сите сили и потоа да го видиме крајот на натпреварот – вели Дуро.

За реваншот стратегот на Струга нема да може да смета на Марјан Радески и Ванѓел Згуро.

– Има две важни отсуства во составот, особено Радески, кој исто така отсуствуваше на првиот меч одигран во Охрид. Тоа е хендикеп со оглед на моменталната форма во која уживаше и беше еден од најважните играчи во нападот. Исто така, Згуро беше играч кој играше стабилно и до овие моменти придонесуваше за постигнувањата на овој тим, но ќе се обидеме да преземеме сè за да го замениме на овој натпревар. Постои добар морал, секогаш сум разговарал со играчите, тие се вознемирени поради поразот на првиот натпревар, но со оглед на продолжението на играта имаат самодоверба да направат нешто на оваа средба – се зборовите на Дуро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот