ВИДЕО: Севиља остана без европска пролет, Ленс ќе продолжи во ЛЕ

фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Завршија натпреварите од последното шесто коло во групата „Б“ од која Арсенал и ПСВ Ајндховен изборија пласман во нокаут-фазата од фудбалската Лига на шампионите.

Ленс како третопласиран ќе продолжи во Лига Европа, додека Севиља го заврши меѓународниот настап за оваа сезона.

Ленс во директна пресметка на домашен терен со 2:1 ја совлада Севиља, Франковски од пенал донесе предност за Французите во 63 минута, потоа од белата точка Шпанците израмнија во 79 минута преку Рамос. Конечниот епилог беше поставен во самиот финиш од средбата (90+6`) кога голем триумф за Ленс обезбеди Фулжени.

ПСВ и Арсенал одиграа 1:1, „топчиите“ водеа од 42 минута кога стрелаше Нкетиа, а Холанѓаните спречија пораз на стартот од второто полувреме (50`) благодарение на погодокот на Вертесен.

На конечната табела во групата Арсенал го освои првото место со 13 бодови, пред ПСВ (девет), Ленс (осум) и Севиља (два).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот