Северина и Нина Бадриќ пеат на роденденот на Андреа Чермак/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Северина и Нина Бадриќ заедно отпеаја познат хит, зад него се крие тажна приказна

Хрватските пејачки Северина и Нина Бадриќ пееле на прославата на роденденот на Андреа Чермак. По тој повод, познатите пејачки ја извеле песната „Пријателице“ во малку поинаква верзија од онаа на која сме навикнати. Северина објави снимка од изведбата на својот инстаграм-профил, а по тој повод ја сподели и приказната за тоа како е создадена оваа песна.

– Песната „Пријателице“ ја напишав веднаш по завршувањето на средното училиште. Бев во Загреб кога ми јавија дека загинала една наша соученичка. „Севе (ми вели Анѓела), мора да напишеш песна за неа…“ Се викаше Марица. Еј Марице, пријателке моја, мило ми е што во твоја чест генерации ја пеат оваа песна. Како некоја нежна женска химна… Среќен роденден на мојата пријателка, кума и прекрасна мајка Андреа Чермак, ти благодарам Нина, ви благодарам на сите што го славевме раѓањето на една жена… беше прекрасно, весело и пријателски – напишала Северина со видеото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Да потсетиме, Андреа била кума на свадбата на Северина и Игор Којиќ, а Северина била кума на нејзината венчавка со Хрвоје Чермак.

– Еден до друг или на километри оддалеченост, засекогаш поврзани и со срцето и со душата“, ѝ рекла еднаш Северина на Андреа Чермак.

Андреа и Хрвоје Чермак се во брак од 2005 година и имаат три деца.

ВИДЕО | Северина наполни 53 години: Роденденска прослава во село со синот Александар и најверните пријатели

ФОТО | Северина со емотивна објава и заеднички фотографии му го честиташе роденденот на синот

ФОТО | Нина Бадриќ објави ретка фотографија со нејзината мајка Мила: „Пред сè – мама“

ВИДЕО | Нина Бадриќ го посети Крушево: „Тоше беше најдобриот пејач што сум го слушнала“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот