ВИДЕО | Нина Бадриќ го посети Крушево: „Тоше беше најдобриот пејач што сум го слушнала“
Хрватската пејачка Нина Бадриќ деновиве престојува во Македонија, каде има неколку музички настапи во повеќе градови низ земјава. По концертот во Скопје на 18 март, таа настапи и во Битола на 20 март, а вечерва ја очекува настап во Струмица.
Препорачано
Но, покрај работните обврски, Бадриќ го искористи престојот за да му оддаде почит на македонската музичка легенда Тоше Проески. Таа го посети Крушево, каде ги обиколи Спомен-домот, манастирот „Св. Преображение“, како и местата што го одбележале неговиот живот.
На социјалните мрежи сподели видео од посетата и откри дека одамна си ветила дека ќе дојде во Крушево.
„Си ветив одамна дека еден ден ќе дојдам во Крушево, ќе запалам свеќа за нашиот Тоше и ќе го видам неговиот спомен-дом и родниот крај.
Денес беше вистинската прилика да тргнам од Битола кон неговото Крушево. Дури сега ми е јасно сè.
Неговиот спомен-дом, манастирот ‘Св. Преображение’, кој му бил втор дом, и родното Крушево. Три нешта го одбележаа неговиот живот – верата, музиката и спортот.
А тој нè одбележа нас засекогаш. Беше најдобриот пејач што сум го слушнала, најскромниот човек што сум го запознала, прекрасно момче со посебни очи.
Никогаш заборавен и засекогаш сакан. Тодор… Божји дар“, напиша Бадриќ.
ФОТО | Нина Бадриќ објави ретка фотографија со нејзината мајка Мила: „Пред сè – мама“


