Серафимов Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Серафимов постигна гол во куп-победата на Левски над Хебар

Македонскиот стопер Никола Серафимов го постигна својот првенец во дресот на Левски, во убедливата победа на неговиот тим против Хебар со 0-3 во Купот на Бугарија.

Серафимов се истакна уште по само две минути игра, кога успеа да го отвори резултатот. Македонскиот репрезентативец реагираше на нафрлување од корнер и ја испрати топката со глава во блискиот агол, по што го прослави првиот гол во новиот клуб.

Ова беше само втор настап на Серафимов за Левски, а веќе го постигна првиот гол.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот