ВИДЕО | Сензација во младинската ЛШ: Фудбалерите на Хајдук го елиминираа Манчестер сити

фото: Robert Matić/hajduk.hr

Хајдук Сплит направи големо изненадување во младинската фудбалска Лига на шампионите откако го елиминираше Манчестер сити.

Хрватскиот фудбалски клуб на стадионот „Пољуд“ славеа со 2:1 и се пласираше во четвртфиналето во елитното клупско натпреварување за играчи до 19 години.

Јуниорите на Хајдук Сплит дојдоа до водство во 24 минута преку Брајковиќ, а позитивата ја зголеми Антуновиќ во 33 минута.

Англискиот претставник успеа само да ја ублажи елиминацијата во 45 минута кога погодок запиша Боб.

Во останатите осминафинални мечеви се среќаваат: Милан – Рух Лвив, Барселона – АЗ, Ливерпул – Порто, Атлетико Мадрид – Генк, Борусија Дортмунд – ПСЖ, Спортинг – Ајакс и Реал Мадрид – Салцбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот