Фото: Инстаграм/margaret_denardo

ВИДЕО | Семејство патувало повеќе од 160 километри, а потоа сфатиле дека возеле мачка на покривот од автомобилот

Семејството Денардо се подготвувало за големо патување, прво на маратонот во Њу Хемпшир, а потоа во Њујорк. Ги оставиле сите свои миленици дома, но еден од нив имал поинакви планови: мачорот Реј Реј не сакал да остане затворен меѓу четири ѕида.

По околу 160 километри, додека семејното комбе се движело по автопатот со брзина од околу 100 километри на час, Денардови не можеле да поверуваат. Имено, кога застанале на бензинската пумпа, го виделе мачорот на покривот од комбето, пишува „Вашингтон пост“.

„Возевме околу два часа и моравме да застанеме. Мојот сопруг излезе да наполни гориво и само извика: „Мачката е на покривот!““, рекла Мара Денардо.

„Беше неверојатно. Никој не можеше да поверува дека преживеал толку долг пат, со ветер, дупки и густ сообраќај. А најчудно беше што воопшто не се исплаши, изгледаше како да ужива“, додаде таа.

Семејството брзо сфати дека Реј Реј едноставно мора да остане со нив. По кратка посета на продавницата за домашни миленици, тие официјално го вклучија во нивната авантура. Тој ги придружувал на маратонот, а потоа ги истражувал улиците на Њујорк удобно сместен во ранец на грб, привлекувајќи ги погледите и насмевките на минувачите.

Мара, исто така, откри како мачката успеала да го преживее своето „лудо возење“. Цврсто се држела за багажот прикачен на покривот, што ѝ обезбедувало стабилност и безбедност во текот на целото патување.

Фотографиите и видеата од храбриот Реј Реј станаа вистински хит на социјалните мрежи, а луѓето низ целата земја се воодушевени од неговата авантуристичка природа. „Се забавувал одлично – имал вистинска авантура“, рече Мара.

Реј Реј е доказ дека дури и најнеочекуваните придружници можат да станат ѕвезди на патувањето – особено кога станува збор за мачка која одлучува да го доживее автопатот на свој начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот