ВИДЕО: Семејството Глејзер го продава Манчестер јунајтед, експертите предвидуваат светски рекорд

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Семејството Глејзер го води Манчестер јунајтед веќе 18 години, американските милијардери моментно поседуваат дури 69 отсто од сопственичкиот удел и се подготвени да го продадат дури и на малцинските купувачи кои би сакале да станат инвеститори.

Сепак, засега се чини дека продажбата на целиот клуб е единствената опција и се очекува до среда на полноќ да бидат доставени уште шест официјални понуди. Се шпекулира дека Глејзерови никогаш нема да го продадат Јунајтед, доколку понудите не се доволно високи. Тие бараат околу седум милијарди евра за нивните акции во клубот.

Има два главни фаворити за купување на Манчестер јунајтед. Тие се катарскиот милијардер и третиот син на емирот на Катар, Хамад бин Калифа Ал Тани, Јасим бин Хамад ал Тани, како и милијардерот и вториот најбогат Британец, Џим Ретклиф.

Се чини дека понудата од седум милијарди евра е превисока дури и за овие најбогати луѓе во светот, но се пишува дека катарскиот милијардер би можел да понуди повеќе од тоа само за да го добие славниот англиски клуб.

Се проценува дека светскиот рекорд ќе биде соборен кога станува збор за купување на спортски клуб, кој моментно го држи групата Walton.Penner, која плати околу шест милијарди евра за НФЛ тимот на Денвер Бронкос.

Првата понуда на Ретклиф беше пет милијарди евра, а втората се очекува да достигне околу шест милијарди. Шеикот Јасим е подготвен да ја откупи сета сопственост на Јунајтед, вклучително и од малцинските сопственици, а наводно ветил дека ќе го расчисти целиот долг на клубот, кој сега изнесува околу половина милијарда евра. Доколку семејството Глејзер прифати некоја од понудите, се очекува Јунајтед да падне во рацете на нови сопственици пред почетокот на летниот преоден рок, за да може да се вложи натамошен капитал во овој клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот