ВИДЕО: Секељи во Топ 5 најдобри одбрани на колото во Лигата на Европа

секељи
Мартон Секељи /Фото: Е. Пелистер

Македонскиот ракометен вицешампион, Е. Пелистер пропушти голема шанса да продолжи со серијата победи во Европската лига и вечерва одигра само реми против Спортинг.

„Зелено-белите“ одиграа квалитетно на гостувањето во Лисабон, но иако имаа позитива во текот на целиот натпревари, во самиот финиш избрзаа во клучниот напад и дозволија Спортинг да освои бод од овој меч (27:27).

– Беше многу важно да не загубиме. Задоволен сум и сакам да им се заблагодарам на ракометарите. Се бореа за секоја топка и за секоја позиција. Игравме многу важен натпревар за двете екипи. Веќе четири натпревари сме без пораз и тоа многу ни значи за нашата ментална сила. Групата е многу израмнета и треба да бидеме подготвени на драматични натпревари до крај. Треба да бидеме храбри и интелегентни. Целта ни е да биеме меѓу четирите најдобри екипи во групата и да продолжиме со играње на елиминациски натпревари – рече тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ по одигрувањето на мечот во Португалија.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави најдобрите пет одбрани на колото, а во најновиот избор се наоѓа голманот на битолската екипа, Мартон Секељи.

Унгарскиот чувар на мрежата се наоѓа на четвртото место, неговата одбрана можете да ја погледнете ТУКА

Воедно најдобрите пет голови на колото можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот