Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Седум 18+ филмови што треба да ги гледате ако ви се допаѓа „Малечка“: Во еден од нив повторно игра Никол Кидман

Откако филмот „Малечка“ (Babygirl) пристигна во кината, многу гледачи сакаа да останат уште малку во светот на еротските филмови. Ако сте муѓу нив, има уште многу заводливи филмови што можете да ги гледате за да продолжите да уживате во таа сензуална атмосфера.

„Babygirl“, во кој глуми Никол Кидман како Роми, амбициозна директорка на технолошка компанија, и Харис Дикинсон како Семјуел, практикант во компанијата, имаше премиера на Божиќ во САД со одлични критики.

„Фатална привлечност“ (Fatal Attraction)

Овој класичен психолошки трилер го редефинира жанрот и инспирираше многу слични филмови. Во режија на Адријан Лајн и со Мајкл Даглас и Глен Клоуз во главните улоги, филмот го следи Ден Галагер, адвокат чија афера со Алекс Форест води до смртоносни последици. Нивната хемија, како и вознемирувачките пресврти на заплетот, го прават овој филм незаборавен.

„Очи ширум затворени“ (Eyes Wide Shut)

Ако копнеете повеќе за Никол Кидман, овој еротски психолошки трилер од Стенли Кјубрик е совршен избор. Главните улоги ги толкуваат Кидман и нејзиниот тогашен сопруг Том Круз. Заплетот следи лекар кој е измачуван од сексуалните фантазии на неговата сопруга, кои го водат во темниот свет на тајните друштва и маскирани оргии.

„Љубовникот на Лејди Чатерли“ (Lady Chatterley’s Lover)

Овој филм, базиран на скандалозниот роман од 1928 година, носи историска љубовна драма во која главните улоги ги толкуваат Ема Корин и Џек О’Конел. Кони Чатерли започнува страсна врска со атрактивен градинар додека се справува со проблемите на нејзиниот сопруг. Филмот изобилува со сензуални сцени и напната динамика на ликовите.

„Путер од патка“ (Duck Butter)

Филмот, во режија на Мигел Артета, стана омилен меѓу ЛГБТК+ публиката. Приказната ги следи Нима, актерка која се обидува да најде емотивна врска, и Серхио, со кого поминува 24 часа интензивна интимност. Филмот ги истражува ранливоста и желбата на многу интимен начин.

„Основен инстинкт“ (Basic Instinct)

Уште една класика со Мајкл Даглас, овој пат со Шерон Стоун во легендарните сцени. Даглас игра детектив кој истражува убиство додека се впушта во опасна врска со главниот осомничен. Филмот е напнат, заводлив и мора да се види за љубителите на еротските трилери.

„Педесет нијанси на сиво“ (Fifty Shades of Grey)

Заснован на бестселерот на Е. Л. Џејмс, овој филм ги истражува сложените односи на моќ и сексуална привлечност. Анастасија Стил влегува во светот на БДСМ со моќниот Кристијан Греј, откривајќи ја сопствената сексуалност и емоционалните граници.

„Читачот“ (The Reader)

Кејт Винслет доби Оскар за улогата на Хана Шмиц, жена која започнува афера со тинејџерот Мајкл. Нивната врска носи тајни кои се откриваат години подоцна, вклучувајќи ја и поврзаноста на Хана со нацистичките злосторства. Филмот е емотивно тежок, но исклучително моќен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот