Фото: Илустрација

ВИДЕО | Се урна надвозник во Сеул – тројца загинаа, тројца завршија во болница

Тројца луѓе загинаа, а тројца се повредени при уривање на конструкција на градилиште за демонтажа на надвозник во Сеул, соопштија јужнокорејските власти, објави АП.

Несреќата се случила во округот Сеодамун, каде што се вршело уривање на надвозникот „Сеосомун“. Според првичните информации, девет лица, меѓу кои раководител на градилиштето, надзорник и инженери, извршувале безбедносна инспекција без да бидат поставени заштитни потпори.

Властите соопштија дека дел од конструкцијата и скелето ненадејно се урнале во форма на буквата „В“, при што пет лица паднале од височина од околу шест метри и останале затрупани.

Меѓу загинатите се шеесетгодишен раководител на градилиштето, педесетгодишен инженер и главниот надзорник. Повредените се пренесени во болница.

Сеул се извини за ризичните упади со дронови во Северна Кореја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот