Северна Кореја воена парада/ Фото EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Сеул се извини за ризичните упади со дронови во Северна Кореја

Претседателот на Јужна Кореја Ли Џе-Мјунг изрази жалење поради упадите со беспилотни летала во Северна Кореја претходно оваа година, опишувајќи го како чин на неодговорни поединци и нагласувајќи ја посветеноста на Сеул за спречување на идни инциденти, објавија медиумите.

„Изразуваме жалење до Северна Кореја за фактот дека непотребните воени тензии беа предизвикани од неодговорните и непромислени постапки на некои поединци“, изјави претседателот Ли Џе-Мјунг на состанокот на кабинетот.

Претседателот посочи дека истрагата на јужнокорејските власти открила дека во случајот се вмешани вработен во Националната разузнавачка служба и активен воен функционер, додавајќи дека Уставот забранува индивидуални провокации против Северна Кореја.

Пјонгјанг во јануари објави дека беспилотни летала испратени од Јужна Кореја го нарушиле неговиот воздушен простор, обвинувајќи го Сеул за сериозна провокација.

Од друга страна Јужна Кореја негираше каква било воена вмешаност и започна заедничка воено-полициска истрага, што резултираше со обвинение против Јужнокореец за кршење на законите за воздухопловство и национална безбедност поради неовластено користење и летање беспилотни летала.

За потсетување Северна Кореја тогаш ги собори беспилотните летала што летаа на нејзина територија, а во последните месеци ја прогласи Јужна Кореја за своја „најнепријателска“ земја поради зголемени тензии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот