Падна воен авион во Калифорнија/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Се урна борбен авион Ф-35 во близина на воздухопловната база во Калифорнија

Борбен авион „Локид Мартин Ф-35“ се урна во близина на американската поморска воздухопловна база Лемур во централна Калифорнија, објави американската морнарица во среда.

„Пилотот успешно се катапултирал и е безбеден“, а нема жртви „меѓу (воениот) персонал“, соопштија од базата.

Не се објавени детали за несреќата, чија причина ќе се открие во истрагата, рече изворот.

Производителот не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот