ВИДЕО: Се појави снимка од гостите во скопскиот бар „Мош“ кои се заканувале на полицијата и бегале преку ограда

Скопскиот ланч-бар „Мош“ кој летово беше мета на критики поради прекршување на ковид-протоколите преку организирање забави без маски и масовно групирање, денеска повторно е топ тема на социјалните мрежи поради вчерашниот инцидент.

„На 17.12.2020 во 22.30 часот, во координација со Државниот пазарен инспекторат, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на ул„Дебарца“ во Скопје. При контролата, во објектот биле затекнати 20 до 30 гости и било констатирано дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21.00 часот. Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност. По целосно расчистување и документирање на случајот, во кооординација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, стои во соопштението на МВР.

Во Мош се заканувале и на инспектори и на полиција, се заканувале дека знаат луѓе од владата, дека знаат луѓе во полиција, изјави за Слободен печат директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

Драми во центарот на Скопје: Полуголи се групирале и вежбале јога, во темница се криеле во познат скопски клуб и бегале од инспекторите, пијани се заканувале

Сега се појавија и снимки на социјалните мрежи од моментот кога се случувала рацијата.

„23 часот, моментално се случува рација во „Мош“ бидејќи работеле после 21 часот. Гостиве почнаа да прерипуваат огради и да бегаат отпозади само за да се спасат од полиција“, стои во видеото кое вирално се шири на социјалните медиуми.

Ниту маски, ниту дистанца- Владо Георгиев ги забавуваше скопјани (ВИДЕО)

Познатиот скопски локал не е под клуч: Георгиев и вечерва ќе „грми“ во центарот на градот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот