ВИДЕО: Се огласија од партијата на поранешниот косовски претседател: Дали синот на Хашим Тачи влегува во изборната трка 

Членот на Претседателството на ПДК, Бетим Ѓоши, ​​не знае дали Ендрит, синот на поранешниот претседател Хашим Тачи е предложен за кандидат за пратеник во списокот на оваа партија.

Се очекува трансферот на Јакуп Красниќи во Хаг

Сепак, Ѓоши во емисијата „Инфо магазин“ што се емитува на Клан Косово изјави дека доколку се случи такво нешто, Ендрит Тачи би бил добредојден во ПДК, исто како и секој што би придонел за доброто на општеството.

Петковски: Повикот за Али Ахмети во Хаг не е случаен, и Шешељ го викнаа како сведок па го осудија

„ПДК следи прилично демократска внатрешна постапка за избор на кандидати. Ние сме партија која постојано се реформира и обновува. Ние сме отворени кон граѓанското општество и медиумите.“ рече Ѓоши.

На прашањето во дебатната емисија дали е вистина дека синот на поранешниот претседател Хашим Тачи, ќе се кандидира за пратеник во парламентот тој одговори дипломатски.

„Јас немам такви информации. Барем не знам дали некој од нашите членови го предложил, но ако е така, не само тој, туку и секој што придонесува за општеството би бил добредојден. Но, јас не верувам! Ние немавме такво барање што ќе биде дел од списокот.“ рече Членот на претседателството на ПДК.

Османи распиша парламентарни избори во Косово на 14 февруари

Косовскиот Уставен суд ја прогласи Владата на Авдула Хоти за нелегитимна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот