Се очекува трансферот на Јакуп Красниќи во Хаг

Адвокатот Валон Хасани го потврди обвинението против неговиот клиент и трансферот во Хаг, што се очекува да се случи во текот на денот

„Сè што може да потврди е дека има рација. Обвинението е потврдено, сега г. Красниќи мора да биде пренесен во Хаг, верувам денес“, рече тој.

Во меѓувреме пред куќата на поранешниот спикер на косовското собрание се собраа повеќе претставници од Организацијата на борци на Ослободителната војска на Косово,

Се шпекулира и за рации во куќата на шефот на пратеничката група на Движењето Самоопределување, Реџеп Селими и Азем Сула. Но, Клинаку рече дека наводите за сега не се потврдени.

Специјалниот суд на крајот на 2018 година ги поднесе првите обвиненија против поранешните припадници на ОВК. Првите апсења беа извршени на 24 и 25 септември.

Сè уште не се потврдени и обвиненијата за претседателот на Косово, Хашим Тачи и Кадри Весели.

ЕУЛЕКС ја опкружи куќата на поранешниот портпарол на ОВК, Јакуп Красниќи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот