ЕУЛЕКС ја опкружи куќата на поранешниот портпарол на ОВК, Јакуп Красниќи

Утрово, околу 06:00 часот, бројни полициски сили од единицата ЕУЛЕКС се упатиле кон куќата на Јакуп Красниќи во Приштина. Веста ја потврди портпаролот на косовската полиција, Баки Келани.

„Косовската полиција, според потребата, процените и барањето на ЕУЛЕКС, им помага во одржување на јавниот ред, мир и безбедност, како и непречено одвивање на сообраќајот“, рече Келани.

Од канцеларијата на специјализираниот обвинител исто така потврдија дека се вршат рации во главниот град на Косово.

„Специјализираното обвинителство (СО) во моментов спроведува операции во Приштина. Операциите на СО се спроведуваат со поддршка на косовската полиција и мисијата за владеење на правото на Европската унија на Косово (ЕУЛЕКС). Повеќе информации ќе бидат дадени подоцна“, се вели во соопштението.

Јакуп Краниќи е една од главните личности на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Тој за време на војната имаше високи позиции како портпарол на ОВК. Краниќи беше и претседател на Собранието на Косово, а беше и министер на Министерството за јавни услуги.

Во моментов е претседател на Националниот совет на Социјалдемократската иницијатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот