Петковски: Повикот за Али Ахмети во Хаг не е случаен, и Шешељ го викнаа како сведок па го осудија

Тито Петковски, лидер на НСДП/ Фото: Архива на слободен печат

Повикот за Али Ахмети во Хаг не е случаен, ниту нивното ретерирање од барањето за Албанец премиер. И Шешељ го викнаа како сведок во Хаг, па остана како обвинет, вели Тито Петковски во Само Вистина на Канал 5.

-Луѓето велат за време на избори и на риболов се лаже најмногу. Така тие сега признаваат дека би направиле концесија, но сега има дру елемент. Ахмети е повикан на Хаг како сведок. Но така беше и со Шешељ – го повикаа како сведок па го осудија. Немам никакви информации, но кога Хаг повикува сведоци повикува луѓе кои учествувале во разни дела против човештвото – посочи Петковски.

Петковски вели формирањето ново парламентарно мнозинство нема да биде лесно, но очекува за скоро нова Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот