Борче Костески, водител на поткастот „Б2 канал“ / Фото: принтскрин

ВИДЕО | „Сè е хајка, немам ништо со детска порнографија, Б2 каналот не е бугарски“ – вели Костески по претресите

Водителот на поткастот „Б2 канал“, стружанецот Борче Костески ги отфрли наводите дека е поврзан со детска порнографија по вчерашните претреси кои беа спроведени на повеќе локации во државата. Тој во видеообраќање на Фејсбук негира дека бил уапсен како учесник во група која се занимавала со порнографија и вели дека не му е одземен пасошот.

Костески вели дека се работи за „хајка“ против медиумот „Б2 канал“ и дека целта е негово замолчување. Тој додаде дека е расположен да даде интервју за кој било медиум и да ги демантира тврдењата дека има врска со детска порнографија.

„Сè е хајка. Тоа што се случи денеска во мојот дом во Струга е хајка за да згасне „Б2 каналот“, кој не е точно дека е бугарски, туку е во Македонија и е македонски. Тоа што се случи во мојот дом е таква смислена хајка за медиумот да згасне и моментално сум расположен добро, да појдам во секој медиум и да дадам интервју, достапен сум 24/7. Ќе демантирам дека јас лично со детска порнографија немам никаква врска. Поткастот „Конечна пресметка“ е за европска Македонија“, вели Костески.

Костески вели дека во станица му кажале дека се работи за наводи кои се однесувале на период од пред две или три години. А тој прашува зошто полицијата не реагирала тогаш.

„Ова што се случи не е обична контрола – ова е директен удар врз слободата на медиумите и гласот на јавноста“, порача Костески.

Обвинителството и полицијата сè уште немаат соопштено официјални детали во врска со приведени лица и за истрагата.

Костески е претседател на организацијата „Бугарите во Струмичката петорка“ и е поврзуван со бугарски организации во земјата. Тој е познат и како водител на поткастот „Б2 – Почетна пресметка“, како и по својата јавна дејност насочена кон заштита на правата на Бугарите во Македонија.

Ководител на поткастот е Зоран Мрсески – Бугарин од Македонија, кој неодамна објави намера да се кандидира за пратеник од листите на „Възраждане“. По проверка од Централната изборна комисија, неговата кандидатура беше одбиена поради несоодветности со изборното законодавство во Бугарија.

Претреси за детска порнографија во повеќе градови, меѓу осомничените наводно има и луѓе познати во јавноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот