ВИДЕО | СДСМ прослави 35 години од основањето, се појави и Заев: „Шо праите, бе, другари?“
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) попладнето на свеченост одбележа 35 години од своето основање. На настанот присуствуваа поранешни и сегашни функционери, членови и поддржувачи на партијата. За првпат по подолго време, на настанот во јавноста се појави и поранешниот лидер на партијата и премиер, Зоран Заев.
Препорачано
Заев на свеченоста дојде на самиот крај, околу пет минути пред завршувањето на програмата и по крајот на сите говори и на музичкиот дел.

На снимките од настанот се гледа како Заев беше пречекан со аплауз, а дел од гостите му приоѓаа, се поздравуваа, го прегрнуваа и се фотографираа со него. Во еден момент, тој ја здогледа поранешната министерка Каја Шукова, се поздрави и со неа, по што со широка насмевка им се обрати на другите сопартијци: „Шо праите, бе, другари?“
ЗОРАН ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ ПРЕД ТОА ШТО ОСТАВИ ВО БИХАЧКА, ПРЕД ,,ШУТОТО И РОГАТОТО" И ПРЕД СТЕЧАЈНИТЕ УПРАВНИЦИ НА СДСМ, НА 35 ГОДИШНИНА ОД ПАРТИЈАТА ОТКАКО ЈА СВЕДЕ НА СТАТИСТИЧКА ГРЕШКА 🌶️🫑 pic.twitter.com/BPSYMPli3g
— SuicideMessiah (@SuisajdMesija) April 20, 2026
На настанот присуствуваа и голем број новинари, а партискиот лидер Венко Филипче сечеше торта за 35-тиот роденден на СДСМ.
Претходно, на свечената седница на Централниот одбор на партијата, Филипче порача дека блокадата на европскиот пат претставува најсериозната закана за иднината на државата и дека тоа е „предавство на националните интереси“.
„Денес Македонија повторно е пред голем испит. ЕУ патот е закочен. Отворено и бесрамно ни кажуваат дека тоа ќе трае и натаму со децении, божем како заштита на националните и државни интереси. Тоа е безобѕирна лага“, истакна Филипче.
Тој нагласи дека европската интеграција е врвен национален и државен интерес и наведе дека токму СДСМ „носел историски одлуки кои ја движеле државата напред кон евроатлантските интеграции, дури и кога тие одлуки биле тешки и непопуларни“.
Славјанка Петровска му го честита 35-тиот роденден на СДСМ: Ако не се промениме, ќе исчезнеме


